Камилицата најчесто се користи за да лечи болки во абдоменот, воспаление на внатрешните органи, и како седатив.

Може да се користи и за подготовка на хербален чај, а од неа се прават и креми и лосиони кои имаат чудотворно дејство за нашата кожа.

Современите испитувања на делотворноста на активните материи од камилицата особено го истакнуваат значењето на етерското масло од камилица.

Етерското масло е многу богато со корисни компоненти, меѓу кои и хамазулен, бисаболол и сесквитерпени. Етерското масло од камилица има многу широк спектар на фармаколошки својства.

Покрај здравствените благодети на камилицата, таа е и една од омилените состојки за луѓето кои посветуваат внимание на убавината и здравата кожа. Чајот од камилица, како средство за миење на лицето е корисен за осветлување на кожата, и за отстранување на темните кругови околу очите.

Уште една причина повеќе за користење на камилицата при грип и настинка е и тоа што чајот од камилица предизвикува засилено потење. Потењето е природен механизам на организмот за намалување на телесната температура и за исфрлање на токсините.

Advertisement