Поради големото количество на минерали и витамини, сувите смоквите се одличен избор за ужина. Сувите смокви ја враќаат изгубената енергија, ослободуваат од нервоза и несоница и ја подобрува нашата меморија и концентрација.

Сувите смокви се одличен извор на минерали, како што е калциум, бакар, калиум, манган, железо, селен и цинк.

Тие се многу вкусно и здраво овошје. Смоквите се голем извор на минерали, како што е калциумот, бакарат, калиумот, манганот, железото, селенот и цинкот.Во 100 грама суви смокви има 640 милиграми калиум, 165 милиграми калциум, 2.03 милиграми железо и 232 милиграми калиум.

Калиумот е многу важен минерал, кој помага во контролата на откуцувањето на срцето и го регулира крвниот притисок. Бакарот како и железото, е потребен за произведување на црвени крвни клетки. Тој е составен дел на клетките и телесните течности кои помагаат во контролата на отчукувањето на срцето, аритмија и крвниот притисок. Бакар како и железото се потребни за производство на црвените крвни зрнца и за оксидација на клетките.

Сувите смокви се многу здрави и хранливи, а слабо е познат фактот дека содржат повеќе калциум од кравјото млеко.

Поради големото количество на бакар им се препорачува на луѓе кои имаат анемија, затоа што бакарот го поттикнува производството на црвените крвни зрнца. Сувите смокви воедно се добар борец против остеопороза и само десет суви смокви дневно превентивно делуваат против губењето на коскеното ткиво.

Смоквите го успоруваат стареењето, се борат против слободните радикали, богати се со антиоксиданси и го го забрзуваат метаболизмот.

Со конзумирање на сувите смокви треба да бидат внимателни дијабетичарите, но и оние кои имаат проблем со дебелината, бидејќи тие содржат пет пати повеќе калории од свежите смокви.

Advertisement