Гинко билоба – заштитник на помнењето

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Се смета дека оваа билка е моќен антиоксиданс и оти го јакне дотокот на крвта во мозокот. Но таа може и да го интензивира дејството на антикоуголантите, па затоа на лицата на кои им престои операција, се препорачува да престанат да земаат препарати врз база на гинко билоба, најмалку 36 часа пред интервенцијата.

Гинко има особини да ги „фаќа“ слободните радикали, ја блокира активацијата и адхезијата на леукоцитите и ја спречува пероксидацијата на липидите, која е еден од важните причинители за настанувањето и прогресијата на атеросклерозата. Сето тоа го прави екстрактот од гинко делотворен природен лек против васкуларните заболувања, а посебно против цереброваскуларните заболувања.

Но, се чини дека екстрактот од гинко има и антиканцерогени својства. Антиканцерогениот ефект на гинкото се препишува на неговите антиоксидтивни својства, односно на способноста да се бори против слободните радикали. Една студија која ја испитувала ефикасноста на гинкото во третманот на некои видови на рак, покажала позитивни и ветувачки резултати.

Циркулацијата на крвта е извор на храна и енергија за сите процеси. Слабата циркулација може да предизвика разни здравствени пореметувања, вклучувајќи и предвремено стареење на ќелиите, атрофија на вените и екстремитетите, отежнато одење. Освен тоа, недоволно доток на крвта во мозокот доведува до депресија, слабо памтење, проблем со рамнотежата, слаб вид, главоболка и можности за мозочен удар. Ако осеќате било какви тегоби поврзани со лоша циркулација, земете го чајот од Гинко Билоба.

Advertisement