Главната намена на овој еликсир се лекување и превенција на запушени артерии (артеросклероза), регулирање на зголеменото ниво на маснотии во крвта, спречување на замор, лекување на инфекции и настинки, интензивно зајакнување на имунитетот… Станува збор за пијалок од лук, лимон, ѓумбир и вода.

Потребни состојки:

  • 4 поголеми главици лук
  • 4 лимони (со кора)
  • помал корен од ѓумбир или 2 супени лажици
  • 2 литри чиста вода

Подготовка:

Лимонот добро измијте го и исецкајте го на парчиња. Излупете го лукот и заедно со лимонот и ѓумбирот ставете го блендер. Измиксајте го убаво во еднолична смеса. Така подготвената смеса стѕавете ја во метален сад, ставете 2 литри вода и загрејте ја до точка на вриење. Веднаш пред да зоврие отстранете ја од огнот и оставете да се излади. Исцедете ја низ цедилка и наполнете ја во стаклени шишиња.

Земајте од пијалокот секој ден по една чаша од 2 децилитри најмалку 2 часа пред јадење, односно на потполно празен желудник. Пијалокот чувајте го во фрижидер.

По 3 недели користење, потребно е да направите пауза од една недела, па можете да продолжите со истиот циклус. По три недели користење ќе забележите значајна регенерација на телото од користење на пијалокот.

loading...
Сподели