8.-vezbanjeНово британско истражување покажува дека, колку поголема е физичката активност на мајката, толку физички активно ќе биде и нејзиното дете. Во истражувањето учествувале 500 мајки и 4-годишните деца.

Научници од универзитетите во Кембриџ и Саутемптон користеле монитори за срцевиот ритам, за да го истражуваат нивото на физичка активност за 7-дневен период. Заклучоците на научниците се , дека децата “не се активни по природа”. Затоа родителите играат важна улога за развој на најздравите навики во рана возраст.

Во рамките на истражувањето 554 деца на 4 -годишна возраст и нивните мајки носеле една недела монитори за срцев ритам и акцелерометри. Според авторката на истражувањето Кетрин Хескет, добиените податоци покажуваат директна позитивна врска меѓу физичката активност на децата и онаа на нивните мајки. “Колку активна е мајката, толку активно е нејзиното дете, изјави Хескет. Може секако да се каже дека, активноста на едните, оди рака под рака со онаа на другите.”

Научниците утврдиле дека, раните навики можат да влијаат врз здравјето на децата. Ако мајката посветува еден час дневно на физичка активност, нејзиното дете ќе одделува 10 минути дневно, за истата намена. Овие мали разлики можеби изгледаат тривијални, но за еден месец или едногодишен период се значајни, истакна Хескет.

Меѓу факторите кои влијаат врз нивото на активност на мајката, се дали таа работи или не, и дали нејзиното дете има браќа или сестри.

loading...
Сподели