Фитомедицинска заштита од Гихт (костобол)

драган јованов4Гихт е ед­на од нај­че­сти­те фор­ми на ар­три­тис и мо­же да пре­диз­ви­ка сил­ни бол­ки. Гих­тот е на­ру­шу­ва­ње на ме­та­бо­лиз­мот на моч­на­та ки­се­ли­на. При­чи­на­та за ова за­бо­лу­ва­ње е при­сус­тво­то на кри­ста­ли од моч­на­та ки­се­ли­на во си­но­ви­јал­на­та теч­ност во згло­бо­ви­те. Гих­тот е ед­но од ар­три­тич­ни­те за­бо­лу­ва­ња за кои по­стои нај­го­лем из­бор на те­ра­пии. Ле­ку­ва­ње­то обич­но се со­стои од не­сте­ро­ид­ни ан­ти­вос­па­ли­тел­ни ле­ко­ви, во слу­чај на че­сти или мно­гу сил­ни на­па­ди, „ало­пу­ри­нол“, кој по­ма­га да не дој­де до соз­да­ва­ње моч­на ки­се­ли­на.

Кои се симптомите при појава на гихт

  • Ненадејна силна болка во зглобот најчесто во ножниот палец или глуждот, а понекогаш и во коленото
  • Отеченост, воспаление и чувство на топлина во зглобот
  • Во крајни случаи, наизменично чувство на студенило и топлина
  • Најчесто се јавува или се повторува најполно неочекувано, иако симптомите во просек не траат повеќе од една недела

Кои се причините за појава на Гихт- костобол?

Костоболот се јавува како последица на исклучително високо ниво на мочна киселина во крвта. Мочната киселина е неопходна за нормално одвивање на процесот на варење на храната, а нејзиниот вишок се исфрла преку бубрезите во облик на урина. Ако организмот создава премногу уринарна киселина, и не може да се ослободи од неа на вообичаен начин, во зглобовите и тетивите почнуваат да се концентрираат кристалчиња на моно-натриум уреат, што доведува до воспалителен процес, притисок и појава на силна болка.

Дијагноза

Бидејќи многу други нарушувања можат под наводници да се претворат во костобол, многу е важно да се обратите на лекар во случај на каква било болка во зглобовите, кој може да постави точна дијагноза. Анализите на крвта и урината, исто така, може да биде корисна дијагностичка постапка бидејќи зголемувајќи количеството на мочната киселина се вратило во нормални вредности многу брзо по нападот. Во некои случаи специјалистот може да пристапи кон снимање на ренген или извлекување течност од синовијалната обвивка, која ги обвиткува зглобовите, за да се утврди присуството на кистали на мочната киселина.

Природна помош при лекување

Неконвенционалните пристапи во лекувањето на костоболот, почнуваат со намалување на болката и воспалителниот процес, а потоа настојуваат да го урамнотежат нивото на мочната киселина во крвта.

Фитомедицинска заштита

Направете чај од две лажици семки од целер или ресник во една чаша вода и пијте три пати на ден за да се потикне одстранувањето на мочната киселина. Ако лекарот ви препишал употреба на колхицин, немојте да пиете билни чаеви.

Исхрана

Општо кажано, костоболот, почесто се јавува кај луѓе чија исхрана вклучува месо и животински масти, а многу ретко се јавува кај оние кои се хранат главно вегетаријански. Диеталните програми за превенција од костобол, кај луѓето кои се наследно склони кон оваа болест, најчесто веднаш го исклучуваат црвеното месо, месните супи и сосови, квасецот и другите продукти кои произведуваат ензими, внатрешните органи како што се црн дроб, школки и некои видови на конзервирани риби, вклучувајќи сардини, харинги и др риби. Продуктите кои, изгледа ги намалуваат првите симптоми на костоболот, вклучувајќи сложени јглехидрати, особено оние со жито, овошјето и зелениот лиснат зеленчук. Едноставните јаглехидрати, пример рафинираниот шеќер, дополнително ќе го потикнат поризведувањето на мочна киселина, па затоа треба да се избегнуваат. Некои доктори препорачуваат внесувањето на една лажичка активен јаглен, трипати дневно, за да се потикне одстранувањето на мочната киселина од крвта. Внесувањето на поголеми количества бистри, безалкохолни пијалоци, на пример, сокови, билни чаеви и вода, го подобруза разградувањето на мочта и одстранувањето на мочната киселина, со засилено плакнење на бубрезите.

Драган Јованов

Фитотерапевт

Асистент на Факултетот за менаџмент на еколошки ресурси и безбедност на храна – МИТ Универзитет-Скопје

Scroll To Top