Зелката зазема водечко место на листата најздрави намирници. Содржината на витамин Ц и сулфур во зелката ги отстранува отровите кои се главни причинители за кожни болести и реуматизам.

Со своите лековити својства, посебно антиоксидансите, зелката ја зголемува отпорноста против рак.

Сировата зелка помага и кај слабокрвност, несоница, депресија и анксиозност, додека варената зелка е одлично средство за детоксикација, помага при нервна напнатост, тегобии и слаба концентрација.

  • Делување врз здравјето
  • го намалува ризикот од рак
  • го намалува ризикот од мозочен удар
  • го намалува ризикот од катаракта
  • го подобрува варењето
  • добар сојузник во диетите за слабеење
  • облогите од зелка помагаат кај изгореници, акни, осипи…
loading...
Сподели