Еве како ќе го исфрлите насобраниот шлајм од грлото и белите дробови: Природен лек за полесно дишење

Доколку имате потешкотии да го исфрлите шлајмот, направете ефикасен домашен лек.

Состојки:

  • 1 лажица корен бел слез,
  • 1 лажица ленено семе,
  • 1 лажица жалфија,
  • 1 ситно сечкан лимон,
  • 250 мл вода,
  • 250 гр кафеав шеќер

Начин на подготовка:

Ставете вода во мало тенџере, а потоа додајте кафеав шеќер. Кога шеќерот ќе се растопи додајте ги останатите состојки и гответе на ниска температура околу 15 минути. Смесата потоа тргнете ја од рингла и процедете.

Земајте по лажица од сирупот три пати дневно. Користете го сирупот додека не почувствувате подобрување. Сирупот чувајте го во фиржидер.

Advertisement