Еве како да ги исчистите белите дробови од никотинот

Намерниците како црниот кромид и ѓумбирот го исфрлуваат катранот и останатите отрови од дишните органи.

Ракот на белите дробови е еден од водечките причинители на смрт во светот а од него најмногу заболуваат оние кои секојдневно уживаат во вдишувањето на димот од цигарите.

Поради тоа, лекарите на сите пушачи им препорачуваат едноставно да се откажат од оваа лоша навика.

Но, доколку не можете да се откажете, потрудете се барем да го намалите ризикот од заболување од рак.

Одредени намерници и тоа како можат да ви помогнат да ги прочистите белите дробови.

Запаметете, со нивно консумирање нема целосно да се прочистите, но во одредена мерка може да ги ослободите токсините. Еве кои се тие намерници…

Ѓумбир

Ова е едно многу моќно средство за исфрлување на токсините од белите дробови. Можете да пиете чај од неговиот корен и така да си го олесните дишењето, а парчињата ѓумбир можете да ги јадете заедно со оброкот.

Портокал

Освен што е голем извор на витамини, портокалот исто така содржи криптоксантин, кој делува превентивно против ракот на белите дробови.

Кромид

И белиот и црниот кромид содржат материи кои имаат антиканцерогено дејство. Кромидот помага во спречувањето на многу болести, меѓу кои се инфекција и рак на бели дробови.

Интересно е тоа што кај лицата кои веќе се заболени од рак на белите дробови, го спречува растот на нови келии.

Коприва

Оваа билка е преполна со железо, а многу е корисна и како средство за дезинфекција на белите дробови во борбата против останатите инфекции.

Чај од борови иглички

Овој чај традиционално се користи за прочистување на устата и грлото, но може да ви биде добар сојузник во борбата против ракот на белите дробови.

Advertisement