Експресно слабеење – За 2 седмици симнете 12 килограми без глад!

Ако барате начин како да ги отстраните вишокот килограми, но немате доволно време и можности, ви  да се запознаете со следниот режим на исхрана.

Со оваа диета за само 14 дена може да се ослободите од прекумерната тежина, со што ќе намалите најмалку 8-12 кг. Битно е да се придржувате до едно основно правило!

Следете ги инструкциите и јасно придржувајте се кон дефинираната шема.

Појадок

  • Пред да појадувате испијте 2 чаши чиста вода. Потоа слободно може да појадувате.
  • Основно правило е: НЕ пијте никаква течност заедно со храната!
  • Исто така треба да внимавате во рок од два часа после оброкот да не пиете ништо.

Ручек

  • Пред да започнете со ручекот повторно треба да испиете 2 чаши вода.
  • За време на ручекот не е потребно да се откажете од омиленото јадење. Дозволено е да јадете колку сакате и што сакате!
  • Не пијте никаква течност за време и 2 часа после оброкот.

Вечера

  • Пред вечерата треба да испиете само 1 чаша вода!
  • За време на вечерата не се ограничувајте со ништо – одберете го она што го сакате!
  • Основно правило е да се следи редоследот по утврдената шема: нема течност за време и 2 часа по вечерата.

Дозволени постапки:

Доколку чувствувате глад помеѓу два оброци, повторно треба да го почитувате правилото за пиење вода. Може да каснете нешто за ужинка, но прво да испијте 2 чаши вода!

Малата ужинка како бисквити, алва, клуб сендвич може да биде задоволена со 1 чаша вода пред да јадете.

Advertisement