Една главица кромид и две чешниња лук – никогаш не заборавајте го овој рецепт

Некои го нарекуваат и „домашно чудо“ – природен лек кога станува збор за кашлица, настинка, воспалени бронхии, но и за зајакнување на имунитетот. Овој златен рецепт можете да го приготвите уште денес и да го зајакнете вашиот организам до максимум.

Овој рецепт запишете си го и не заборавајте го, бидејќи ќе биде вашиот најдобар помошник преку целата есен и зима. Пригответе си го овој домашен сируп против кашлица кој гарантирано ќе ги го приготвувате секоја година. Освен што е вкусен, исто така е им многу ефикасен, па ќе можете да им го препорачувате и на вашите пријатели. Еве за што сè можете да го користите овој природен лек:

-Се користи при ослабен имунитет, кога честопати настинувате и кога организмот често е под-ложен на разни инфекции; при кажлица, при воспалени бронхии, б олно грло, чести инфекции на синусите

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 главица црвен кромид (со средна големина), 2 поголеми чешниња лук или 3-4 помали, 5 лимони (по можност органски) и 5 супени лажици органски пчелин мед (по можност од проверен пчелар, медот треба да биде квалитетен).

ПОСТАПКА: Потрудете се и најдете црвен кромид, бидејќи за овој рецепт се препорачува токму таков. Меѓутоа, доколку не успеете во моментот да најдете ваков, ќе послужи и каков имате. Добро излупете го, исчистете го и исечкајте го.

Главицата кромид можете да ја исечете на ситни коцкички, или на лентички, како повеќе ви одговара (не мора да биде премногу ситно, но да не е ниту многу крупно исечен). Потоа излупете ги чешнињата лук, па и нив исечкајте ги на лентички или коцкички.

Во садот со сечканиот кромид и лук, додајте пет полни супени лажици мед. Добро промешајте. Лимоните исцедете ги, отстранете им ги семките, а добиениот сок додајте го во мешавината и промешајте.

Основата за сирупот е готова кога ќе забележите дека медот започнал да се раствора во соковите од лимонот и кромидот. Покријте го садот со стреч-фолија или капак доколку има, па оставете го во фрижидер до следниот ден.

Откако ќе преноќи смесата 24 часа, може да се процеди низ ситна цедалка или ситно, а најдобро преку густа газа за да може дополнително да се исцедат преостанатите сокови.

Добиениот сируп складирајте го во стаклено шишенце и добро затворено чувајте го во фрижидер. УПОТРЕБА: користете го трипати дневно по една супена лажица, половина час пред јадење.

Извор: labavo.net

Advertisement