Ви нудиме два едноставни, но ефикасни методи кои може да ви помогнат кај забрзано  чукање на срцето.

Кај нагло снижување на температурата човечкото срце почнува да чука забавено, На тој начин нервниот систем го прилагодува организмот на новите услови. Срцето најбргу „реагира“ кога ќе се излади лицето, затоа што тоа му поблиску од останатите делови на телото.

Затоа се препорачува во случај  на тахикардија да се стори следното:

Првиот начин

Во длабок сад сипете студена вода. Колку е постудена, тоа е подобро, па затоа ако имате мраз додадете го и него. Задржете го здивот, ако треба и со прстите стиснете го носот и нагло спуштете го лицето со студената вода на неколку секунди.

Ако немате соодветен сад, зграбете вода со дланките и спуштете го лицето во нив. Исто така, можете малку и да ја масирате кожата на лицето со коцки мраз, обрнувајќи внимание на пределот околу слепоочниците.

Вториот начин

Со оваа процедура делуваме на нервот кој го регулира бројот на контракциите на срцето. Техниката се изведува на следниот начин: земете длабок здив и напрегнете ги стомачните мускули. Со палецот и показалецот затворете го носот, затворете ги и устата и очите. Обидете се  со затворениот нос и устите да направите издишување, додека и понатаму ги напрегате стомачните мускули.

Ниту еден од горе наведените методи не смеете да ги применувате доколку тахикардија ја следи силна болка во градите или чувство на недостаток на воздух. Во вакви ситуација единственото решение е да повикате брза помош.

Извор: Kanal5.mk

loading...
Сподели