Киселата зелка долго важи за храна на сиромашните, а всушност претставува неверојатно здрава намирница.

Нејзината лековитост била позната уште кај древните кинези кои го измислиле рецептот за нејзино приготвување и ја препорачувале за вечно здравје, па така и грците и римјаните ја советувале нејзината консумација на доилките и на оние кои ќе завршеле со некоја чашка алкохол повеќе.

Славниот морепловец Џејмс Кук со кисела зелка го отпловил светот и го лекувал својот екипаж од скорбут, болест предизвикана од недостиг на витамин Ц. Себастијан Кнеип со кисела зелка го решавал дијабетесот, гихтот, изгореници и разни воспаленија. Киселата зелка е многу омилена и денес, а повеќе е позната како многу вкусна, а помалку како лековита намирница.

Киселата зелка благопријатно делува на дигестивните органи, желудникот и цревата, на нивната микрофлора, на перисталтиката, со што особено делува на дигестијата. Делува и врз метаболизмот, па помеѓу останатото поттикнува и излачување на штетни материи од организмот, а исто така го чисти и црниот дроб.

Неговата консумација благотворно делува и на фунцијата на срцето и крвотокот, бидејќи го намалува високиот холестерол, ја спречува атеросклерозата и го нормализира нивото на шеќерот во крвта (меѓу другото, може да спречи појава на тромб).

Покрај ова, киселата зелка го олеснува зараснувањето на рани, а делува и кај реума, воспалени вени, чир на желудник и дванаесетпалечно црево. Позитивно делува на мозокот и нервниот систем, а помеѓу останатото го поттикнува и доброто расположение.

Совети за употреба и консумирање на киселата зелка:

За подигање на имунитетот и општо здраве, секој ден изедете 2 до 3 лажици рендана кисела зелка, или утрото започнете го со мешавина од:

  • 2 супени лажици рендана кисела зелка
  • 1 лажица рендано јаболко
  • 1 рендано сирово (или варено) цвекло

Салата од кисела зелка (1):

  • 200 г рендана кисела зелка,
  • 1 рендано јаболко и
  • 50 г суво грозје

Прелиено со:

  • 2 супени лажици винска киселина
  • 2 супени лажици масло од кикирики
  • ½ лажичка сок од алое вера
  • Малку сол

Салата од кисела зелка (2):

  • 400 г рендана кисела зелка
  • 2 рендани јаболка
  • 2 рендани моркови
  • 150 г сечкана марула

Прелиено со:

  • ½ чаша кисела павлака
  • 1 лажиче масло од црн ким
  • 2 супени лажици бело суво вино
  • Сол, црн пипер

За намалување на холестеролот во крвта, за забрзување на метаболизмот, за слабеење и подобра дигестија, во подолг временски период, секој ден пред појадок и вечера изедете две лажици рендана кисела зелка.

Против непријатен здив од устата, повеќе пати дневно џвакајте кисела зелка.

Освен одвнатре, киселата зелка, односно листовите помагаат и за надворешно лекување. За да го ублажите јадежот при некои алергиски воспаленија, убод од инсект или помали изгореници, на болните места ставете облога од листови од кисела зелка и фиксирајте ги со завој или газа.

Слично, против главоболка на челото ставете лист од кисела зелка и замотајте ја главата со крпа или завој.

loading...
Сподели