Драган Јованов втора година по ред доби признание за најдобар млад научник на Европскиот Мултидисциплинарен конгрес ,,Исхрана Будучности“ во Нови Сад – Република Србија

dragan-jovanov-1Престојниот викенд се одржа Европски конгрес за повеќе области во Нови Сад. Учесници на конгресот беа експерти од 20 земји од Балканот, Европа и Светот, кои назад со години, па и оваа година, зедоа учество и дадоа свој придонес на конгресот. Имаше учесници  од владини и невладини организации од Балканот.

Нашиот најпознат експерт во Европа, па и на Светско ниво за фитомедицина, храна и екологија, презентираше два труда. Првиот стручен труд беше  како да се помогне на луѓето со Епилепсија со помош на фитомедицина, а вториот труд беше за уринарни инфекции и заштита со фитомедицина. На конгресот присуствуваа повеќе од 1000 посетители дневно. Имаше и панел дискусии со учество на посетители,кои можеа да прашаат за своите здраствени проблеми.

dragan-jovanov2

Нив ги советуваа експерти, меѓу кои беше и нашиот Драган Јованов. Луѓето, исто така, имаа можност да ги кажат своите искуства, дури имаше и  некои лични совети што ги применувале, како се излечиле и др.
Овој конгрес е прв од ваков тип на Светско ниво што се одржува секоја година во Нови Сад, Република Србија. Исто така, стручниот и организациониот одбор на овој европски меѓународен конгрес ги следи сите учесници и нивниот напредок во кариерите. Мотото на овој конгрес е ,,МЕНУВАЈЌИ СЕ СЕБЕСИ ГО МЕНУВАМЕ СВЕТОТ,,. Се што е добро за здравјето на еден човек беше презентирано на овој ЕВРОПСКИ МЕЃУНАРОДЕН КОНГРЕС.

Scroll To Top