Мандарината (Citrus tangerine) е овошје кое припаѓа на фамилијата Rutaceae, од родот агруми. Претставува зимзелено дрво со широки листови, а плод сличен на портокал, чија кора многу полесно се лупи, а вкусот е посладок. Води потекло од Југоисточна Кина каде расте повеќе од 3000 години, а во Европа е пренесена во 19-от век.

Во древното Кинеско Царство, високите државни службеници се нарекувале мандарини и носеле наметки во портокалова боја, па по нив овие слатки мали овошки го добиле името.

Во текот на ладните зимски денови треба да му овозможиме на својот организам доволно количество енергија за да го одржиме имуниот систем јак и да ги задоволиме неговите потреби за витамини и минерали. Токму мандарините се совршени за овој период од годината бидејќи се богати со витамини, минерали и растителни влакна, не дебелеат, а се препорачуваат и за здрава кожа.

Овие овошки имаат ниска калориска, а висока нутритивна вредност. Изобилуваат со антиоксиданси (витамин Ц, Б1, Б3, Б6, Е, бета каротени, фолна киселина), минерали (калиум, калциум, магнезиум), флавоноиди, терпени и ксантофил.

loading...
Сподели