Овие акни се незгодна појава, која често може да биде и болна, а и секако не изгледаат воопшто убаво.

За среќа постојат домашни лекови со кои можете да го исчистите вашиот грб и да ги отстраните акните еднаш за секогаш:

1. Јаболков оцет

На грбот нанесете јаболков оцет, кој претходно ќе го разблажите со вода. Најдобро е лекот да го користите барем 2 пати неделно. Откога ќе поминат првите 2 седмици после користењето, лекот нанесувајте го во однос 50/50, односно половина вода и половина оцет. Доколку имате чувствителна кожа, мешајте го оцетот со повеќе вода.

2. Мед и шеќер

Елиминирајте ги мртвите клетки на кожата и другите нечистотии кои можат да ви ги затворат порите со помош на пилинг од мед и шеќер. Помешајте еднаква количина на шеќер и мед, а потоа нежно нанесете го на зафатените површини, а најдобар начин да го правите тоа е додека се туширате. Почекајте лекот да се впие во кожата, а потоа измијте го. Овој домашен лек се нанесува 2 пати неделно.

3. Домати

Изгмечете еден домат и кашата нанесете ја на местата каде што имате акни. Оставете го да делува половина час, а потоа измијте ја кожата со ладна вода. Маската од домат исто така нанесувајте ја 2 пати седмично.

4. Цимет и сок од лимон

Во мал сад комбинирајте 3 кафени лажички свежо исцеден сок од лимон и една кафена лажичка цимет во прав. Нанесете тенок слој директно на акните и оставете го да делува 1 час, а потоа измијте го со ладна вода. Лекот се применува еднаш неделно.

Покрај овие 4 природни лекови, важно е да се придржувате и до следниве работи, за да го решите проблемот што побрзо:

  • Секогаш носете памучна облека.
  • Избегнувајте газирани пијалаци.
  • Секојдневно менувајте ги чаршафите на креветот.
  • Ако е возможно, избегнувајте да спиете на грб.
  • Консумирајте што повеќе овошје и зеленчук.
loading...
Сподели