Бананите се користат за навлажнување на сувата кожа, но исто така можат да се користат и за сува коса.

Домашната маска за лице од банана и мед служи за нахранување на уморната и сува кожа. Медот е одлична состојка за природна убавина. Добро средство за  навлажнување и омекнување на кожата. Одличен е за мозолчиња затоа што е природен антисептик. Освен за кожата, може да се користи и како регенератор на слабата коса.

Бананите се користат за навлажнување на сувата кожа, но исто така можат да се користат и за сува коса.

Упатство за домашна маска:

– Издробете половина банана (а другата половина можете слободно да ја изедете) и направете пире.
– Во пирето додадете 2 супени лажици мед и мешајте ги додека пирето не се згусне.
– Нанесете го пирето на чисто лице. За поголеми резултати, пред да ја ставите маската, лицето треба да биде малку влажно и топло.
– Исечете две тенки парчиња банана и ставете ги под очите. Витамин К што се наоѓа во бананата помага за отстранување на подочниците.
– Со масажа нанесете ја маската и оставете ја 20 минути да делува. Кога ќе се исуши, измијте го лицето со млака вода.
– За подобри резултати, нанесувајте ја маската 2-3 пати неделно.

Мирисот од бананата е благ и сладок. Кожата ќе се чувствува мека и нежна и ќе има нежен мирис. Нема повеќе да го имате чудното чувство дека кожата ви е цела затегната. Маската е добра и за мозолчиња затоа што медот ја прочистува кожата.

Advertisement