Болките во мускулите, грбот и рамениците се прилично честа појава кај секој од нас.

Овие секојдневни болки можат да исчезнат со помош на домашна „лута“ крема од две состојки.

Состојки

  • лута пиперка, чили, (само семките)
  • какао путер

Подготовка

Извадете ги семките од пиперката. Во стаклена тегла додадете го какао путерот и ставете ги семките па добро измешајте.

Со мешавината мачкајте ги нозете и рацете ако имате воспаление на мускулите, болки во вратот, рамениците или грбот. Ќе почувствувате топлина, а болката ќе исчезне.

Секогаш мијте ги рацете по користењето на кремата и не допирајте ги очите, носот и устата или други чувствителни делови од телото, бидејќи ќе почувствувате болна жештина.

Извор: Nane.mk