Домашен сируп како одличен лек за сува кашлица и бронхитис

Овој домашен сируп можат да го пијат и децата и возрасните. Тоа е најдобриот и постојано докажан лек за бронхитис, сува и хронична кашлица кај деца и возрасни.

Станува збор за црна ротквица со мед. Ова е рецепт што го правеле и нашите баби. Благодарение на неговите природни состојки, не е само едноставен и вкусен, туку и исклучително корисен.

Оваа природна напивка може дури да ги реши проблемите со крвниот притисок!

Потребни ви се само две состојки!

Претставува одличен лек за искашлување при заболувања на горниот респираторен тракт.

Потребно:

  • поголема црна ротквица;
  • мед.

Подготовка:

Сирупот се подготвува во вечерните часови за следниот ден.

Темелно измијте ја и исушете ја ротквицата. Ако не е права, исечете го долниот дел малку така што ќе може да стои исправена. Пресечете го врвот, кој ќе ни треба за подоцна.

Направете вдлабнување во ротквицата, оставајќи ги ѕидовите со дебелина околу 2 сантиметри. Во вдлабнувањето додадете 2 лажици мед (за да наполните повеќе од половина ротквица) или 4 лажици шеќер (ако сте алергични на медот).

Покријте го со капак со горниот дел што е отсечен. Оставете да преноќи.

За ова време, во ротквицата ќе се создаде лековитиот сирупот, кој е незаменлив во третманот на кашлицата. Следното утро можете да започнете со употреба на овој лековит сируп.

Сирупот за кашлица треба да се зема 4-5 пати на ден, неколку минути пред јадење. Возрасните 1 голема лажица, а децата по 1 мала лажичка.

Во текот на денот искористете го сирупот, така што во вечерните часови ќе додадете мед во истата ротквица, за следниот ден повторно да го земете овој лековит сируп. После два-три дена можете да ја промените ротквицата.

Со овој лековит сируп брзо ќе се ослободите од сувата и постојана кашлица. А децата ќе го прифатат тоа со задоволство, бидејќи е доста вкусен.

ВАЖНО: Треба да бидат претплазливи само дијабетичарите и децата под една година, бидејќи повеќе мед може да предизвикаат алергии.

И покрај неговата лековитост постојат контраиндикации за употреба при акутни гастроинтестинални заболувања, проблеми со црниот дроб, жолчното ќесе и бубрезите.

Advertisement