Домашен лек за регенерација на белите дробови кај пушачи и за зајакнување на имунитетот

Ова е вкусен и здрав природен лек кој го чува вашето здравје и го зајакнува имунитетот.

Се користи за лекување на бронхит, за прочистување на белите дробови, за сува и продуктивна кашлица, болно грло а особено е добар за пушачите. Единствено не смеат да го консумираат оние кои се алергични на мед и таан.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 500 г мед
  • 500 г таан
  • 2 мали лажички мелено ленено семе
  • 1 мала лажичка мелен синап

ПОСТАПКА:
1.Во пластичен сад се ставаат сите состојки и убаво се мешаат.
2.Откако мешавината ќе се изедначи, складирајте во чисти, стаклени тегли.
3.Двете тегли убаво се затвораат и се чуваат на собна температура.

УПОТРЕБА:
Се зема со пластична лажичка едно наутро и едно навечер на гладно.

Advertisement