Хегемонијата на тегобите од грипови и настинки ќе се бори со силата на нашиот имунитет следните неколку месеци и затоа ви нудиме на време домашен лек кој ги смирува досадните симптоми како воспалението на грлото , кашлицата и течењето на носот.

Потребни продукти:

¼ чаена лажица лут црвен пипер

¼ чаена лажица ѓумбир

1 супена лажица оцет ( препорачуваме органски )

2 супени лажици вода

1 супена лажица мед

Начин на приготвување:

Сите намирници исипете ги во стаклена тегла и со тресење измешајте добро се додека сите компоненти не станат хомогена смеса.

Смесата се чува во фрижидер и се конзумира по една чаена лажичка на неколку часа. Кога симптомите се поизразени можеме слободно да ја зголемиме дозата. Секогаш е добро да ја протресеме теглата пред употреба.

loading...
Сподели