Домашен антибиотик со кој ќе останете имуни во сезоната на настинки

Во зимскиот период, кога малку се движиме и повеќе јадеме, нашиот имунолошки систем слабее и станува помалку отпорен на надворешни фактори. Затоа клучот е да се  зајакне имунолошкиот систем, за да ја издржи полесно сезоната на грипови и настинки, а за тоа најмногу помогаат природните сојузници.

Потребни ви се само пет природни намирници кои ќе ве чинат многу поефтино од штетните лекарства, за да го направите овој природен антибиотик кој ќе го зајакне вашиот имунолошки систем и организмот ќе биде отпорен на вируси.

Состојки:

  • Една главица лук
  • 2 лажици рендан ѓумбир
  • ½ лажица мелени суви лути пиперки
  • ½ лажица цимет
  • Сок од еден лимон

Во сокот од лимон додадете го толчениот лук, ренданиот ѓумбир, лутиот пипер и циметот. Откако добро ќе ги измешате компонентите, додадете го и медот за да добиете густа смеса. Смесата се чува во стерилен стаклен сад, а треба да отстои најпрво три часа на собна температура, а потоа се чува во фрижидер.

Конзумирајте по една супена лажица еднаш дневно, најдобро наутро на празен стомак, за да се активира целиот огганизам и да се зајакне имунолошкиот систем.

Ако веќе сте болни и настинати, конзумирајте од сирупот три пати дневно пред оброк.

Advertisement