До кој степен можат да ве доведат халуцинациите?

halucinacije

Сите знаеме што се тоа халуцинации. Тоа се растројства на перцепциите каде што постои перцепцiја без дразба. Болниот гледа појави и предмети, слуша гласови, го чувствува допирот, а истовремено не постои визуелна, слушна или допирна дразба.

Дали знаете дека  халуцинации постојат во неколку видови и тоа:

  1. Визуелни халуцинации
  2. Слушни халуцинации
  3. Мирисни халуцинации
  4. Густативни халуцинации
  5. Ценестетички халуцинации
  6. Тактилни халуцинации
  7. Вестибуларни халуцинации

Халуцинациите се мошне чести кај болните од шизофренија, манија, посттрауматски пореметувања, делирум, деменција и други. Други причини можат да бидат интоксикација или употреба на дроги како марихуана, ЛСД, кокаин, крек, хероин или алкохол. Некогаш халуцинациите се јавуваат и кај тешки болести како што се инсуфициенција на бубрезите и црниот дроб и тумори на мозокот.

За да се излекуваат халуцинациите потребен е посебен третман. Првин се лекува основното заболување што ги предизвикало халуцинациите. Кај шизофренијата се применуваат антипсихотици. Класичните антипсихотици ги ублажуваат позитивните симптоми на шизофренијата, односно халуцинациите и чудните идеи.

Advertisement