Диета: Свежо исцедени сокови за рамен стомак

dieta od sokovi

Диетава се состои претежно од конзумирање на свежо исцедени сокови. Трае само три дена бидејќи може да дојде до исцрпување на организмот.

ПРВ ДЕН

ПОЈАДОК: 2 лажици овесни житарици, 2 лажици немасен кварк и 1 лажица мед
РУЧЕК: салата од 100 гр. пченка, 2 домати, 1 кромид, 125 гр. краставица,75 гр. немасен јогурт, сол, црн пипер,1 парче ржан тост, сок од 2 портокала.
ВЕЧЕРА:100 гр. варени компири, 60 гр. пржен пилешки стек, сос од бистра супа од зеленчук, сенф, павлака и целер,сок од грејпфрут

ВТОР ДЕН

ПОЈАДОК: 1 парче црн леб со 1 лажица маргарин или путер и 1 парче сирење.
РУЧЕК: салата од половина китка праз, 125 гр. никулци,1 мала пиперка, 30 гр. овчо сирење, 1 лажица оцет,1 лажица масло за јадење, магданос, сол и црн пипер
ВЕЧЕРА: 200 грама варени компири со лушпа, сос од половина гранка рдокви,125 гр. краставица,125 гр. немасно сирење, мешани зачини, сок од 4 јаболка

 ТРЕТ ДЕН

ПОЈАДОК: земичка од црно брашно, 1 лажица маргарин или путер, 1 лажица мед
РУЧЕК: салата од 125 гр. морков,1 мало гранче анасон, 75 гр обезмастен јогурт, 2 лажици сецкан магданос, зачини и 1 парче црн леб
ВЕЧЕРА: 25 гр кафеав ориз се вари во солена вода, 250 гр. брокула се динста со 1 лажица маргарин или путер. Потоа се додаваат 4 лажици бистра супа од зеленчук, па се додава исцеден оризот, 30 гр варена шунка, 1 лажица кисела павлака,1 лажица лупен сочоглед, црн пипер, сок од 2 портокала и грејпфрут.

Секојдневно како ужина треба да се пијат свежо исцедени сокови по ваш избор. Сокови од:

-1 грејпфрут, 1 портокал, 1 јаболко

-1200гр. моркови,1 јаболко, 250 гр домати

-1400 гр цвекло

-4 портокали

-1200 гр моркови,1 јаболко, 2 портокала

 

 

Advertisement