Од неодамна, многу луѓе ја применуваат диетата со кромид, која е многу ефикасна. Во основата и е, неограничената потрошувачка на супа со кромид.

Кромидот содржи 86,3 % вода, 10,5% јагленохидрати , 1,7 % белковини , 0,3 % масти , 0,6 % минерални материи : калиум, фосфор, магнезиум, калциум, натриум и железо.

Витамините, кои се наоѓаат во кромидот се: Ц, Б1, Б2, ПП и Е. Неговите зелени листови се богати со витамин Ц, со што многу одамна се познати и неговите лековити својства. Тој влијае позитивно на дигестивниот систем, го зголемува апетитот, а ако се јаде суров, ја подобрува активноста на црниот дроб и жолчката.

Древните Словени имале таква мудрост: ” Кромид од 7 болести лекува “. Доволно е само 3 минути да се џвака кромид, за да се уништат бактериите во устата. Супата се подготвува од: кромид во големо количество, 150 грама зелка, две црвени пиперки, два домати, еден целер и малку сол. Целерот го потиснува чувството на глад и има диуретски својства. Останатите зеленчуци се нискокалорични и поради тие причини се постигнува намалување на тежината . За една недела / 7 дена / можат да се намалат 4-8 килограми. Оваа диета треба да се применува на 6 месеци еднаш.

На ден се јадат 5 средни чинии супа. Забранети се тесто, млечната храна и алкохолот. Дозволена е парче 100-150 грама пилешко филе на скара, ако не може да се издржи само со супата. Исто така, дозволена е употребата на минерална вода, зелен и билен чај и кафе без шеќер. Супата со кромид е погодена за луѓето кои страдаат од срце и од висок крвен притисок, но е контраиндициран за болни од гастритис и чир.

loading...
Сподели