Диета со компир – Се губи до 1кг дневно!

Компирот е бог на виталноста, а е и нискокалоричен, па се препорачува само варен или печен. Свесни сме дека во денешно време сите се обожаватели на овој зеленчук кој е многу здрав и содржи многу лековити дејства.

Нема да раскажуваме за неговите здравствени придобивки, туку за тоа како да ги намалите килограмите со помош на компирот.

1. Оваа диета трае три до пет дена, а се губи поливина килограм до 1 килограм дневно. Таа не треба да се повторува почесто од еднаш месечно.

ПОЈАДОК: шолја млеко
РУЧЕК: 300 гр. пире од компири
ВЕЧЕРА: 250гр. салата од компир и едно тврдо варено јајце, кое е слабо посолено и закиселено со оцет, а дозволени се и неколку капки масло.

2. Втората варијанта од оваа диета опфаќа мени од 1 кг. компир дневно, поделен на пет до шест оброка.

Компирот се вари и се јаде без сол, но дозволени се сите зелени зачински тревки. Ако чуствувате преголема глад со овој режим на исхрана, за појадок може да конзумирате малку леб со масло, а за ручек свеж зеленчук: морков, лук, краставица и домат. Може да се пие минерална вода, растителни чаеви, зелен чај без шеќер.

3. Третата варијанта опфаќа комбинација на претходното мени со 100 гр. свежо сирење, 200 гр. динстано овошје, 50 гр. посно месо или едно до две тврдо варени јајца.

Оваа диета трае 7-10 дена и не се повторува почесто од еднаш во два месеци

Advertisement