Најголемото овошје на светот, попознато како Нангка или Џекфрут (анг. Јackfruit, Artocarpus heterophyllus) широко се одгледува во тропските краеви во јужна и југоисточна Азија како и во источна Африка, најмногу во Бразил и некои земји на Карибите.

Нангка е национално растение во Бангладеж каде се нарекува катхал. Овие овошки се користат како основа во готвењето. Освен тоа од неа се прават и најразлични видови на музички инструменти како што е гамелата во Индонезија. Често се користи и за произведување на мебел , прозори, врати и кровови. Од него се добива и пигмент кој дава карактеристична светлосмеѓа боја на облеката на будистичките монаси во југоистична Азија.

Во Индонезија се нарекува Нангка, тоа е дрво со најголем плод на светот. Овој плод може да порасне до 90 сантиметри во својата должина и 50 сантиментри во ширината, коe може да тежи од 5 до 50 килограми.

Плодот е богат со влакна, минерали и витамини, а нема заситени масти и холестерол. Тоа значи дека ова огромно овошје е многу здраво, исто така. Од надвор оваа огромна овошка личи на нешто од добата на јура и пушта сладок мирис, но со примеси на мувла. Сепак оваа овошка е прогласена за чудо на денешницата која би можела да спаси милиони луѓе од глад.

Единствениот плод во внатрешноста е само почеток на многуте чудеса на дрвото нангка. Плодот содржи стотина семки богати со протеин, калциум, калиум и шеќери, кои се важни за телесниот раст. Исто така e полн и со витамин Ц.-”Во Бангладеж се смета за втора најважна овошка по мангото. Ако имате простор за одгледување на нешто, секогаш тоа ќе биде дрво нангка, поради неговиот значаен плод и неговите придобивки” – вели Зенга, биолог на билки во Чикаго.

Веганската и вегетаријанската заедница често ја користат за храна оваа овошка поради нејзиниот вкус. Тие ја припремаат на тој начин што земаат еден незрел плод и го готват еден час, а вкусот кој го добива по тоа готвењето потсетува на свинско месо.

Освен во исхраната оваа овошка може да се користи и за повеќе работи како:

  • Листот на нангка како храна можат да го користат козите и останатите животни кои се одгледуваат на фарма.
  • Нангка е со портокалова боја, па поради тоа се користи традиционално како боја за боење облеката на будистичките монарси.
  • Од дрвото Нангка се произведува и леплива латекс супстанца која може да се користи како лепак.
  • Дрвото на ова овошје може да се продава и употребува за огрев или изработка на мебел од дрво.
  • За производство на дрвени музички инструменти.
  • Примена наоѓа во алтернативната медицина, како најмоќен антиоксидант и поради силното антиканцерогено дејство.
Advertisement