Девојка од Русија направила гинеколошки преглед преку интернет од страна на гинеколог. Лекарот и понудил на девојката преглед преку Скајп, по што Русинката му префрлила 3000 рубли. Жителката на рускиот град Калуга станала жртва на уцени од „онлајн гинеколог“.

Според локален адвокат, на младата девојка и требало задолжително учество на специјалист во нејзиниот третман. Лекарот, кој стапил во контакт со жртвата, и рекол дека во услови на борба против коронавирусот и ограничувања за движење, тој нема да може да ја посети дома.

Измамникот и објаснил дека може да ја консултира за 3 илјади рубли (околу 2300 денари), но во исто време помошта што тој беше подготвен да ја обезбеди може да се квалификува само со лична посета на пациентот.

Гинекологот и понудил на девојката преглед преку Скајп. А русинката му префрлила 3000 рубли.

Сепак, човекот се покажал како измамник без дозвола од лекар. Тој започнал да и се заканува на девојката дека ако не му префрли 200.000 рубли (околу 150.000 денари) на него, тогаш видеото од „консултацијата“ снимено од него ќе биде објавено на Интернет.

Според локалниот адвокат, напаѓачот се сликал со интимна содржина и се обидел да ја уценува Русинката, што е грубо кршење на кривичното право.

Полициските служби сеуште трагаат по змамникот.