skrsenici na snegСтудените зимски денови ги наполнија скијачките центри, но ги наполнија и амбулантите и болниците со пациенти, кои имаат скршеници на рацете, нозете, колковите и други повреди, како што се шинувања и исчашувања на половината и вратот. Скијачките центри низ земјава и странство се полни со граѓани, кои не можејќи се уште да уживаат во снежните убавини во главниот град, се одлучуваат празниците да ги поминат на снег на планина, во убаво друштво и во скијање.
Лизгањето и паѓањето се најголем проблем за пешаците во текот на зимските денови. Додека граѓаните шетаат и уживаат во снегот, одеднаш можат да се најдат на земја свиткан и во болкаскршеници на рацете, нозете, колковите и други повреди, како што се шинувања и исчашувања на половината и вратот. Скијачките центри низ земјава и странство се полни со граѓани, кои не можејќи се уште да уживаат во снежните убавини во главниот град, се одлучуваат празниците да ги поминат на снег на планина, во убаво друштво и во скијање.
Децата уште од мали нозе, едвај чекаат да падне првиот снег, да си играат, да се маваат со топки и да учат да скијаат. Иако во земјава, последниве неколку денови падна првиот снег и се стопи, многу од граѓаните веќе уживаат во снежните врнежи на планините. Но, колку што снегот може да преставува радост за децата, толку може да преставува и опасност за нивното здравје. Заедно со снегот од време на време се појавува и сонцето, кое лажно мами и може да предизвика дополнителни здравствени проблеми, како изгореници на лицето и кожата.
Според направените истражувања, ултравиолетовите зраци се 2,5 пати поопасни на снег, отколку на плажа, бидејќи снегот силно ги рефлектира сончевите зраци, па затоа особено треба да се внимава при скијање.
Дел од лекарите велат дека рефлектирачките површини можат да рефлектираат дури 85 отсто од штетните сончеви зраци и ги предупредуваат луѓето, дека треба да ги заштитат своите очи од штетното дејство на сонцето.
– За време на скијањето, очите можат да добијат сончеви изгореници, познати како фотокератитис, кои може да предизвикаат болка, црвенило и солзење на очите. Одбиената сончева светлина од снегот, може да биде најопасен тип на УВ светлина, бидејќи таа е многу поинтензивна. Луѓето од секоја возраст имаат ризик за оштетување од УВ зраци, вклучувајќи ги и децата. Силните УВ зраци можат да им  наштетат на очите, па дури и да предизвикаат привремено слепило – објаснуваат лекарите.
Според нив, наочарите за сонце и шеширите со широк обод се најдобар одбрамбен систем за очите против сончевите зраци во зимските снежни денови. Исто така, според лекарите, многу битно е децата да бидат добро облечени, затоа што лажното сонце на снег, може да предизвика изгореници по кожата и лицето.
– Сите граѓани, а особено децата мора да внимаваат на своето здравје и додека се на планина и додека скијаат. Бидејќи, иако сонцето многумина не го сметаат за опасно во зимските денови, сепак тоа може да излаже и да предизивика изгореници и па телото и по лицето. Затоа децата, додека се на планина и скијат или се учат да скијаат, мора да бидат добро облечени и заштитени со зимска опрема и секогаш на очите да носат наочари – тврдат лекарите.
Родителите посебно да внимаваат на своите деца, кај кои уште од мали нозе е равиена љубопитноста, па сакаат да пробаат разни игри на снегот, да се маваат со топки и да учат да скијаат. На тој начин се случуваат скршеници, предизвикани од снегот и мразот, кои се карактеристични за овој период од годината.
Најдобар начин за да го избегнете сето ова, е што повеќе да внимавате. Прво треба да се обрне внимание на околината и на начинот, на кој се движите. Малку забавете и кога ќе се доближите до лизгава површина, благо свиткајте ги колената. Таква положба ќе го спушти вашиот центар за гравитација и ќе ја зголеми вашата свесност за контакт со земјата. Со тоа што малку ќе забавите и ќе ги свиткате колената, во оној момент, кога ќе дојдете до лизгава површина, само малку ќе се излизгате, што секако е побезбедно.

Сподели