Депресија резултат на различни сексуални партнери

depresija17Најновите истражувања спроведени во Америка покажуваат дека водење на динамичен сексуален живот со различни партнери како и голем број партнери ги доведува девојките до депресија.

Потребата како и сексуалното уживање е задоволено во тој момент, но истражувањето покажува дека девојките со ниска самодоверба ставјајќи во игра голем број на партери, го прават несвесно, но со цел да си ја повратат изгубената самодоверба.

Секако изгубената самодоверба е последица на емоционалното оштетување кај девојките од конкретен партнер. Ова е само дел кој ја дополнува депресијата. Поради потребата од внимание, нежност тие запаѓаат во емоционална криза, па спасот го бараат во различните партнери мислејќи дека на тој начин ќе можат да си помогнат.

Итражувањето е направено со анонимен прашалник во кој испитаниците ги пренесуваат како емоционалните ,така и сексуалните искуства.

Мирот што го поседуваат жените  во стабилна врска, гради кај нив чувство на сигурност и емоционална поддршка . Токму спротивното се забележува кај жените  кои преферираат чисто физички задоволства со различни партнери. Кога ќе останат сами, тие често чувствуваат недостаток на она што се нарекува постојан партнер .

Тоа е и причината поради која девојките запаѓаат во депресија, покажува истражувањето.

Advertisement