Денеска е светски ден на здравјето – MOTO: Победи го дијабетот

svetskidennazdravjeto-232x150Во 2008 година, околу 347 милиони луѓе во светот имале дијабет, а преваленцата е во пораст, особено во земјите со низок и среден приход.

Во 2012 година, дијабетот бил директна причина за 1,5 милиони смртни случаи, каде што повеќе од 80% бил причина во оние земји со низок и среден приход. СЗО предвидува дека дијабетот ќе биде 7-ма водечка причина за смрт до 2030 година.

Дијабетот е хронична болест. Се јавува кога панкреасот не произведува доволно инсулин или кога телото не може ефикасно да го користи инсулинот што го произведува панкреасот. Инсулинот е хормон кој го регулира шеќерот во крвта, тој ни дава енергија од која живееме. Ако тој не може да влезе во клетките за да биде трансформиран во енергија, шеќерот  достигнува високо штетно ниво во крвта.

Постојат 2 главни форми на дијабет. Луѓето со дијабет тип 1 обично не произведуваат своj инсулин хормон и затоа користат инсулински инекции за да преживеат. Луѓето со дијабет тип 2, кој се наоѓа кај околу 90% од случаите, обично произведуваат свој инсулин, но не е доволно неговото количество или не се во состојба да го користат правилно. Луѓето со дијабет тип 2, обично се со прекумерна тежина и седентарен начин на живот.

Со текот на времето, високиот крвен шеќер може сериозно да го загрози секој систем на органи во телото, предизвикувајќи срцев или мозочен удар, оштетување на нервите, оштетување на бубрезите, слепило, импотенција и инфекции кои можат да доведат до ампутација.

Светски ден за здравјето 2016: Клучни пораки

СЗО се фокусира на следниот Светски ден на здравјето, 7 април 2016 година, за дијабет, бидејќи:

  1. Eпидемијата на дијабет рапидно се зголемува во многу земји, а особено во земјите со низок и среден приход.
  2. Голем дел од случаите со дијабет може да се спречат. Едноставниот начин на живот може да се покаже како ефикасен во спречување или одложување на почетокот на дијабет тип 2. Oдржување на нормална телесна тежина, ангажирање во редовна физичка активност и здрава исхрана може да го намали ризикот од дијабет.
  3. Дијабетот може да се лекува. Тој може да се контролира за да се спречат компликации. Зголемувањето на пристапот до дијагнозата, само-управувањето и прифатливиот третман се виталните компоненти на одговорот.
  4. Во однос на напорите за спречување и лекување на дијабетот важно е да се постигне глобалнатаЦел 3 за одржлив развој – целта за намалување на предвремената смртност од незаразните заболувања (NCDs) за една третина до 2030 година. Многу сектори на општеството имаат улога да се вклучат, вклучувајќи ги владите, работодавците, едукаторите, производителите, граѓанското општество, приватниот сектор, самите медиуми и поединци.

Цел на Светскиот ден на здравјето 2016: Зајакнување на превенцијата, зајакнување нагрижата изголемување на надзорот

Главните цели на кампањата за Светскиот ден на здравјето 2016 година ќе бидат:

  1. Да се ​​подигне свесноста за порастот на дијабетот, огромниот товар и последици, особено во земјите со низок и среден приход;
  2. Активирање на еден сет на конкретни, ефикасни и достапни активности за да се справиме со дијабетот. Овие активности вклучуваат мерки за спречување на дијабет, дијагностицирање, третман и грижа за луѓето со дијабет; и
  3. Дистрибуција на првиот Глобален извештај за дијабет, кој ќе го опише товарот и последиците од дијабетот и кој ќе поттикне залагања за подобри здравствени системи, за да се обезбеди подобар надзор, зајакната превенција, како и поефикасно управување со дијабетот.                                                                                                                                                                                                                                                                      Извор: Здравство.мк
Scroll To Top