deca vezbiЕмоционалната напнатост, 45 минутното седење во клупа, неправилната исхрана, недоволната физичка активност се главните причинители за деформитетите на децата.

Вдлабнати гради, Х – нозе, сколиоза, кифоза, рамни стапала се деформитетите кои се почесто се јавуваат. Покрај сите причинители, најголем виновник за оваа појава е тоа што децата денес поради динамичниот живот кој го живеат скоро немаат и никаква активност. Голем број од нив поради големите обврски на родителите се заробени дома најчесто пред телевизор или компјутер.

Единствена превентивна мерка е родителите навреме да ги забележат ваквите промени и да ги вклучат децата во програмата за корективна гимнастика, која може многу да придонесе за спречување на деформитетите.

Сподели