pritisok11Сте се запрашале ли некогаш што претставува крвниот притисок. Тоа е механички притисок од страна на крвта врз внатрешната површина на ѕидот на крвните садови.

Кога зборуваме за крвниот притисок во поширока смисла се зборува за артерискиот притисок или оној кој владее во артериите. Но, постои и притисок кој владее во вените наречен венски притисок.

6b543bdc55dcffc4e27b3a497f479ba8slika2Чиста оксигенирана крв од срцето кон ткивата и органите носат крвните садови наречени артерии, а вените се крвни садови низ кои крвта се движи од ткивата, органите кон срцето.

Движењето на крвта во вените во поголем дел е многу пасивна работа и токму заради тоа притисокот кој владее во вените е многу низок, што дури не може да се мери со манометар.

Кога срцевиот мускул ќе ослаби или попушти, доаѓа до застој на венските крвни садови и до пораст на венскиот крвен притисок.

Артерискиот крвен притисок зависи од снагата на срцевиот мускул, од количината на крв што ја исфрла срцето во единица време, од големината на отпорот во артериите и од еластичноста на артериите. Крвта во вените тече подеднакво и континуирано, а додека во артериите тече ритмички во зависност од срцето и неговиот удар. Па, ако не сте знаеле, токму тоа е причината зошто пулсот се пипа над артеријата, а не над вената.

Сподели