Бананите имаат три различни видови шеќер и голема количина на растителни влакна. Поради тоа, ова овошје брзо обезбедува енергија, но исто така елиминира некои здравствени проблеми подобро од лекови.

Не дозволувајте нејзината висока калориска вредност да ве измами, бананите се вистинска супер храна

1) ПОДОБРА ДИГЕСТИЈА

Бананите содржат пектин, диетално влакно кое го забрзува варењето и го стимулира отстранувањето на токсините и тешките метали од организмот. Покрај тоа, бананите делуваат како пробиотик и го стимулираат варењето на храната. Тие ја намалуваат надуеноста и ја олеснуваат напнатоста во цревата.

2) СТРЕС

Стресот стана болест на модерното време, кој постојано влијае на нашето здравје. Стресот го забрзува метаболизмот а нивото на калиум во организмот се намалува. Балансот може да се постигне со помош на консумирање банани кои содржат многу калиум и кои ја нормализираат работата на срцето. Исто така, бананите испраќаат кислород до мозокот и ја регулираат оптималната количина на вода во организмот.

3) ВИСОК ПРИТИСОК

Преголемиот внес на сол и недостаток на калиум се знае дека имаат голем негативен ефект врз крвниот притисок. Затоа е многу важно да имате доволно калиум во крвта, а и бананите се богати со тоа. Препорачливо е да јадете по една банана секое утро за да го задржите крвниот притисок на идеално ниво.

4) ПМС

Бананите се богати со витамин Б6 кој има позитивно влијание врз нивото на гликоза во крвта, а откриено е дека витамин Б6 помага во предменструалните симптоми. Бананите ги намалуваат болките во стомакот и грбот, ги регулираат промените на расположението и задржувањето на водата.

5) ДЕПРЕСИЈА

Триптофан се наоѓа во бананите во форма на протеин кој го стимулира лачењето на „хормонот за среќа“, серотонин. Доволно е само една банана за да се подигне нивото на овој хормон, така што веднаш да се чувствувате посмирено и посреќно.