Дали влажните марамици се штетни или корисни?

maramici

Влажните марамици можат да се најдат во секоја ташна, без разлика дали е машка или женска. Дојде време кога никој од дома не излегува без со себе да понесе едно пакетче од миризливите марамици. Во последно време постојат разни теории на таа тема – дали влажните марамици се корисни или штетни?

Некои тврдат дека ги користат само за отстранување на шминка, но постојат и такви кои ги користат за „прочистување“ на интимата. Сепак, лекарите апелираат дека мора да се внимава како се користат и за кои делови од телото се употребуваат.

После отстранување на шминката со влажни марамици, секогаш би требало да го измиете лицето со чиста вода, тврдат британските дерматолози. На лицето често остануваат траги, кои постепено ги затвoраат поритe, ја сушат и ја иритираат кожата.

Кога го триете лицето со овие марамици, посебно пределот околу очите, ја растегнувате кожата, што може да предизвика прерано појавување на брчки на лицето. Иако по состав се слични на геловите за отстранување шминка, многу од влажните марамици содржат и алкохол кој е штетен за кожата. Затоа користете ги само тогаш кога баш морате, на пример, на патувања, на кампување, во теретана….

Scroll To Top