Честопати се поставува прашањето во јавноста: Дали трудниците треба да имаат секс?

Кога жената е трудна , кај неа настануваат големи промени во организмот, и во таа фаза може да дојде и до незаинтересираност за секс. Според сите испитувања направени досега, сексот за време на бременоста не носи никакви последици, доколку бременоста е нормална.

Но со самите промени што се јавуваат кај трудниците, како на пример: мачнините, главоболките, нагон за чести повраќања, заморот што го чуствуваат, тие ретко помислуваат на секс. Во тој период многу е важно да се одржи блискоста меѓу партнерите, односно да се има взаемно разбитрање меѓу нив.

Кај мажот се јавува страв , да   не го повреди бебето, а самото растење на стомакот го прави сексот чуден и неудобен. На крајот од бременоста повеќето жени не ни размислуваат веќе за секс. Но има случаи кога и двајцата партнери сакаат да имаат секс за време на целата бременост.

Во одредени ситуации лекарите не препорачуваат, или не толку често , да практикувате секс за време на бременост. При какво било крварење за време на бременоста, особено по секс, треба веднаш да се консултирате со лекар. Ако крварењето е често , тогаш можеби нема да можете редовно да имате односи. Забранет секс за време на бременост има:

1. Доколку имате вонматерична бременост, тогаш најдобро е да немате секс.

2. Ако постои ризик од спонтан абортус или предвремено породување.

3. Ако жената чуствува болки при односот.

Advertisement