Една од нерешливите мистерии е прашањето кога бојлерот троши најмалку струја – кога постојано е вклучен или кога се вклучува по потреба?

Интернет форумите, социјалните мрежи и расправиите во живо – во било кој облик, ова прашање е секогаш актуелно и никако да дојдеме до конечен одговор.

Некои ќе ви речат дека доста порационално е да го оставите бојлерот вклучен по цел ден и ноќ, затоа што тогаш не мора да се грее водата, туку само се догрева, другите ја заговараат теоријата дека е најдобро да го вклучувате по потреба.

Eве што на таа тема вели сервисер на овие куќни апарати:

-Апсолутно не е вистина дека многу порационално е да се остави бојлерот постојано да биде вклучен. Секако, се зависи од бројот на членовите на домаќинството. Така, ако е во прашање самец или брачна двојка, за нив е порационално бојлерот да го вклучуваат по потреба. Од друга страна, ако е во прашање семејство со поголем број членови, на нив веројатно им е позгодно бојлерот да биде вклучен затоа што во секој момент на некој ќе му биде потребна топла вода“, појаснува за магазинот „Жена“ Марко Тодровиќ, сервисер на бела техника и куќен мајстор и додава дека намената ан бојлерот има голема улога.

Доколку бојлерот е наменет само за туширање, тогаш е подобро повремено да го вклучувате, а ако е во прашање голем проточен бојлер кој го користите и во кујнски намени, тогаш најверојатно ќе го исклучувате доста ретко. Значи, поштедливо е сепак да се вклучува по потреба и секако ако веќе внимавате на штедење би требало да го вклучувате во евтина тарифа, односно навечер по 22 часот.

Сподели