Woman smiling in bathtub
Интимната хигиена е многу важна за женското здравје. За да се сведат инфекциите на минимум, потребна е правилна и редовна хигиена. Таа има многу важна улога во заштитата од многу болести.
Бидејќи ова проблематика е сеуште по малку табу, многу млади девојки и жени неволно ја потегнуваат оваа тема, иако неправилната нега на интимната регија може да предизвика многу непријатни последици.
„Добрите“ бактерии се постојано присутни во интимната регија и создаваат „ одбрамбен штит“. Вагиналната флора е многу важна за заштита од инфекциите со „штетните“ бактерии. Вагината е богата со лојни и потни жлезди. Постојаното лачење на овие жлезди создава филм, кој со млечната киселина од „добрите“ бактерии, ја штити вагината од инфекција. „Штетните“ бактерии, пак, предизвикуваат разни заболувања.
Значи, ако сте под стрес, ако имунитетот ви падне поради било која причина или неадекватно се облекувате (постојано сте во претесни фармерки или носите гаќички кои не се од природни материјали) природната одбранбена рамнотежа помеѓу „добрите“ и штетните бактерии во вагината може да се наруши, а тогаш бактериите или габичките (или двете) почнуваат претерано да се размножуваат (може да почувствувате јадеж, пецкање, појачан исцедок).
Имено, нашиот организам, па така и вагината, има систем за самоодбрана, чиј составен дел е и системот за самочистење, кој во случај на нормално делување, ве брани од предизвикувачите на болести.
Прво правило во интимната хигиена е испирањето еднаш до два пати дневно, со физиолошки неутрален сапун, значи со сапун наменет токму за интимна нега. Подобри се течните производи со пумпица бидејќи постои помала опасност за пренесување на бактерии. Многу е важно сапунот да има pH (ознака за степен на киселост) сличен со оној на вагината (од 3,8 до 4,5), бидејќи тогаш нема да предизвика промени во бактериската флора.

Многу битно прашање за одржување на интимната хигиена  се и интимните гелови кои ги има од различни фирми со камилица, алое вера. Форумите се преполни со прашања и одговори дали треба и како се користат интимните гелови. Дел од жените кои користеле се презадоволни, додека дел не го одобруваат овој начин на одржување на хигиена. Секој е различен и ние не можеме да тврдиме дали треба или не треба да се користат. Но, со сигурност можеме да потврдиме дека одржувањето на интимната нега е многу важно и ги остранува непотребните бактерии.
Сподели