Кога станува збор за процесот на опаѓање на косата, жените ја губат косата за многу пократок временски период отколку мажите. Ви носиме едноставен рецепт кој ќе ве спаси од овој проблем.

Разредувањето и опаѓањето на косата може да се зголемат со текот на времето, но машката ќелавост е помалку веројатна.

Природните лекови успешно го решаваат и овој проблем. Имено, лекот се наоѓа во храната што ја користиме секој ден во нашата исхрана – кромидот.

Лековити својства на кромидот

Поради големата содржина на витамини А и Ц, кромидот може да се користи во третман на многу болести на дишните органи, а исто така го штити нашето тело од паразити и инфекции.

Голема количина на витамин Б го прави кромидот ефикасен кај болести на нервниот систем. Големата содржина на минерали, особено железо и фосфор, му дава моќ на кромидот да лекува анемија.

Кромидот е богат со минерални соли, па затоа е еден од најефикасните лекови во борбата против опаѓањето на косата.

Секако најстариот природен лек за опаѓање на косата е сокот од кромид. Тој е исклучително богат со сулфур, хемиски елемент неопходен за здравјето на човекот. Се верува дека тој е исто така одговорен за растот на новата коса.

Кромидот влијае на подобра циркулација и ги снабдува фоликулите со потребните хранливи материи.

Поради своето антибактериско дејство, тој исто така може да помогне во запирање и спречување на воспаление што предизвикува опаѓање на косата.

Рецепт

Прво, ситно исечете го кромидот, можете да користите и ренде или мешалка за да исцедите што повеќе течност. Исцедете го сокот и масирајте го целиот скалп или само деловите каде косата целосно паднала.

Оставете го сокот да делува најмалку 15 минути, а потоа измијте ја косата со благ шампон. Повторувајте ја постапката секој ден.