bebeto treba da cicaДодека цица, бебето треба да се надои пред спиење.Во најголемиот број на случаи, бебето ќе заспие уште на мајчините гради и нема да му преставува никаков проблем да продолжи да спие, дури и откако ќе го сместите во креветчето. Доколку се разбуди во текот на ноќта, дајте му на бебето да цица и најверојатно повторно ќе заспие. Мегутоа кога ќе започне да јаде и немлечни оброци, последниот вечерен оброк на бебето треба да биде составен од лесно сварливи,  а биолошки квалитетни намирници (зеленчукови каши), за варењето на храната да не му го наруши мирниот сон.Освен тоа, оброкот мора да му се дава на детето секој ден во исто време.

Дали за време на попладневното спиење треба да се затемни просторијата во која спие бебето?

Тоа не е препорачливо. Доколку сакате да го научите детето да спие ноќе, а дење да биде активно, тогаш не треба да му создавате вечерни услови за време на попладневниот одмор. Доколку го правите тоа ќе го збуните бебешкото мозоче, кое со тек на време се навикнува на ритамот на менување на денот и ноќта, па на тој начин ќе го постигнете спротивниот ефект од саканиот: детето ќе спие дење повеќе отколку што е потребно, а вие во текот на ноќта ќе имате загарантирана ноќна „журка“.