bilki 5Правилното чување на свежите зачини и на билките, во садови кои добро се затвараат, ќе им го продолжи векот на траење и ќе ја сочува аромата и вкусот.

Доклоку се чуваат во едно парче, зачините можат да траат и до четири години, а сомелените билки и до две, три години.

Иако не можат да се расипат, билките и зачините можат да загубат од интензитетот, затоа веднаш  по користењето на зачинот, цврсто затворете го капакот на садот или теглата во кој го чувате.

Исто така, избегнувајте да ги чувате на место директно над или до шпоретот, или блиску до прозорецот.
Сушените билки ќе ги задржат своите својства ако ги држите подалеку од изворите на топлина, влага и директна сончева светлина.

Кога готвите, не истурајте ги зачините директно од садот во кој ги чувате.  Пареата од готвењето ќе продре во садот, и зачинот брзо ќе ја загуби аромата и интензитетот. За земање зачин од садот користете сосема сува лажица.

Бојата на толчената црвена пиперка, алевата пиперка и чилито можете да ја одржите ,ако ги чувате во ладилникот.