Кимот е еден од најстарите познати зачини, кој се користел уште пред повеќе 5.000 години, а сега е докажано и тоа дека е многу делотворен во борбата со вишокот на килограми.

Научници од Универзитетот за медицински науки во Иран, спровеле интересно истражување. Тие формирале две групи, а секоја се состоела од 44 жени кои имаат проблем со дебелината или вишокот на килограми.

Во период од три месеци, и на едната и на другата група им било препишано мени според кое требало да внесуваат 500 калории помалку дневно. Првата група испитаници во тоа време јадела три грама ким во прав дневно, измешан во 140 грама јогурт. Втората група жени конзумирала иста количина јогурт без додаток од ким.

После три месеци, жените од првата група, кои конзумирале јогурт со ким, изгубиле околу 1-4 килограми повеќе од испитаничките од втората група. Истражувањето е уште поимпресивно кога ќе се земе во предвид податокот дека учесничките од првата група изгубиле 14.64% повеќе маснотии од оние во втората група.

Како дошло до големите промени во тежината од само една лажичка ким дневно? Овој зачин содржи филостероли – растителна хемикалија позната по тоа што го спречува задржувањето на холестерол во организмот. Бидејќи станува збор за студија која докажува дека овој зачин помага при слабеење, научниците сметаат дека тоа се случува и затоа што го забрзува метаболизмот.

Сакате да го испробате чудотворното делување на кимот врз тежината? Со оглед на тоа што обичниот јогурт и не е најдобрата идеја за конзумирање на овој зачин, постојат многу повкусни начини на кои можете да ги искористите неговите предности.

loading...
Сподели