Синди Ален Стјуард (34) од Тексас, на својот Фејсук профил го открила својот генијален лек против изгореници од сонце. Таа сподели фотографија пред и после користењето на овој лек.

Синди како домашно средство за изгореници од сонце, употребила пена за бричење и вели дека првите промени можат да се почувствуваат веднаш после првата примена на пената.

На фотографијата „пред“, нејзиниот грб е покриен со болни изгореници, со бели трагови од костимот за капење. А фотографијата „потоа“ покажува дека на нејзиниот грб нема ни трага од изгореници. Синди во својата објава објаснува дека овој лек против изгореници од сонце ѝ го препорачал нејзиниот сопруг, што го научил од својата мајка.

„Прво, купете пена за бричење со ментол. Тоа мора да биде пена и мора да содржи ментол во себе. Потоа нанесете ја пената за бричење на изгорениците. Изгледа како чуден ритуал за бричење, но верувајте ми дека делува! Не тријте ја пената, само оставете ја да стои на кожата. Прво ќе почувствувате топлина и изгорениците ќе ве печат, а после 30 минути пената ќе почне да се претвора во точки. Ќе изгледа како да е исушена. Ќе почнете да чувствувате како изгорениците ви се ладни и тоа е добар знак!“, напишала Синди во својата објава.

Синди напишала дека третманот може да се повтори и наредниот ден доколку е тоа потребно, нагласувајќи дека два третмана се сосема доволно за отстранување на изгорениците од сонце.

„После половина час, измијте ја пената со млака или ладна вода. Овие фотографии го покажуваат мојот третман. Вторта фотографија е направена третиот ден после сите третмани“, напишала Синди.

„Одлично спиев после првиот третман, а кога наредниот ден почна да ме печат рамената, се намачкав повторно со пената за бричење“, дополнила таа.

Нејзината објава добила 38.000 допаѓања за само четири дена, а споделена е повеќе од 206.000 пати. Иако нема научни докази дека пената за бричење може да делува и како заштита од изгореници од сонце, се верува дека ментолот што се содржи во многу производи за нега, може да помогне во лечење на изгорениците.

„Пената за бричење во поголем дел од случаевите содржи ментол и други хемикалии што природно ја ладат кожата“, рекол д-р Џонет Кери, дерматолог во Мајами.

Д-р Џесика Крант, дерматолог во Њујорк, вели дека ментолот може да помогне во ладење на чувството што го предизвикува изгорената кожа од сонцето, ментолот брзо испарува и со себе носи дел од топлината во текот на испарувањето.

Advertisement