Постапката на чистење и детоксикација на црниот дроб со помош на суво грозје е еден од најефикасните методи на опоравување на организмот и ослободување од хронични болести и токсини, затоа што и самата затруеност на организмот го спречува да направи само лекување.

Црниот дроб во организмот има улога на фабрика за крв. Исто така помага и во јакнење и стимулација на варењето во организмот. Црниот дроб извршува уште една важна функција, тој ја чисто крвта и ги елиминира сите токсини и нечистотии од неа. Од тука е јасно дена чист црн дроб значи здравје, виталност, енергија, убав изглед и добро расположение.

Одберете квалитетно суво грозје без сјај, набрано, не премногу меко, но не ниту тврдо. Зрната мора да бидат зачувани и да не се оштетени. Доброто суво грозје мора да биде темно или кафено. Исто така постои и црно суво грозје со сина нијанса која се добива од темните сорти на виновата лоза.

Избегнувајте многу светло или жолтеникаво суво грозје. Откако ќе го најдете вистинското суво грозје, направете го рецептот за прочистување на црн дроб. Наутро натопете половина чаша суво грозје во топла вода и нека стои 15 минути. Потоа добро измијте го под млаз вода.

Ставете го измиеното суво грозје во чаша и наполнете ја со зовриена вода оладена на собна температура и оставете го до следното утро. Наредното утро на празен желудник испијте ја течноста и изедете го сувото грозје.

Лежете во кревет еден ипол до два часа и ставете топли облози или термофор на десната страна од стомакот. Оваа постапка се прави само еднаш неделно во рок од еден месец. Може да ја повторите постапката само два пати годишно.

Advertisement