Едвај има човек кој не е свесен, но должни сме да објасниме дека здравјето на дебелото црево, е поврзано со целокупното здравје на организмот. Во него се акумулираат голем број отрови и токсини, кои не можат да се исчистат на самостоен начин.

Задолжително е да се изберат периоди за чистење на дебелото црево, за да се избегне ризикот од опасните болести поврзани со него како дијабетес, болести на црниот дроб, срцеви болести и рак.

Оваа постапка за целосно чистење на дебелото црево, која ви ја препорачуваме, е страшно ефикасна и дејствува беспрекорно. Идеална е за луѓе кои не сакаат или чувствуваат страв од клизма.

Треба да знаете, дека таа го чисти совршено не само дебелото црево, туку и целиот дигестивен тракт, уништувајќи ги сите штетни паразити и бактерии. Поради фактот дека солената вода може да го „испере“ и дел од корисниот микрофлорат, добро е во деновите после прочистувањето да јадете повеќе кисела зелка, јогурт и сирење.

Некои пациенти претпочитаат да ја прават еднаш секој месец, бидејќи веднаш чувствуваат благотворен ефект врз организмот. Но, сепак, подобро е да ја практикуваме барем еднаш на три месеци.

Самата процедура е многу лесна и не чини пари – се што ни треба е само вода и морска сол. Добро е водата да биде изворска и да ја загреете малку на шпоретот. Во неа ја додавате морската сол и се меша добро, додека солта целосно не се раствори во водата.

Количеството треба да е три литри вода, со што на секој литар вода ставате по една лажица морска сол. Така на три литри вода, се ставаат три лажици морска сол, целосно растворени во течноста.

Ова количество за чистење е раствор кој треба да го испиете во текот на целиот ден – во никој случај не се обидувајте да го земате наеднаш или за кратко време. Добро е да се движите и да направите макар и елементарни вежби по дома.

Овие вежби може и да се лесни, да искачувате стрмни скалила, без никаков напор, едноставно да ги искачите скалите или да се прошетате малку пешки. Важно е да запомните дека по пиењето на водата со морска сол, не треба да јадете ништо до вечерта.

Вечерното јадење да се состои од банана или други плодови, но во многу мали количини. Исто така може да вечерате и неколку сурови ореви, тост од пченкарен леб или мала салата со свеж зеленчук. Најмалку 80% од храната за денот треба да е сурова!

Втор важен услов – претходниот ден, пред постапката за прочистување на дебелото црево треба да се храните исклучително малку, повторно со сурова храна или ореви и да земете повеќе течности како чај без шеќер и вода.