Висок и голем крал на речните брегови, ливади, полиња , необработени ниви, огради, овој наизглед голем плевел ,крие во себе необична моќ. Има големи темно – зелени лисја и густи пурпурни цветови. Чичокот е најголем прочистувач на крвта. Првите американски пионери корењата и листовите од чичокот ги јаделе сирови за својата крв да ја сочуваат што поздрава. Сите надворешни манифестации на штетни материи во крвотокот и внатрешните органи можат да се исчистат како со метла со користење на свеж сок од неговиот корен или чај од коренот. Многу е подобро да се користи свеж од сув.

cicok

ЗА КОСАТА

Задолжително  влегува во лосионите за коса, а од него се прави и познатото чичково масло. Кај опаѓањето на косата тоа делува добро, но само ако коренот не е изумрен како последица на тешки оштетувања (лишаи, екцеми). Кај здрав, но ослабнат корен на косата сигурно дава резултати. Семето од чичокот се користи за исфрлање на камен и песок од бубрезите, бидејќи ја побрзува диурезата.  Коренот делува противотровно, го прави поуспешно излачувањето на потта и урината  и ја чисти  крвта.

ЧАЈ

Чајот од свеж корен е погоден за пречки во црниот дроб и желудникот, а се подготвува на студен начин – чајна лажица свеж и иситнет корен стои 7 – 8 часа во чаша студена вода, а потоа само се зоврива. Дневно се пијат по 2-3 чаши.

СОК ОД ЧИЧОК

Се ренда или ситни коренот и одозгора се става половина од количеството на коренот вода (ако е коренот 100 грама, се ставаат 50 мл вода). Стои кратко и се пасира. Од добиениот сок се пијат  мали голтки 2 филџана дневно.

Сподели