neplodnostУште од многу одамна е познато дека бременоста во 35-тата година од животот, може да го зголеми ризикот од здравствени компликации кај жените и децата. Дали е тоа точно? Која е границата за една девојка да стане мајка?Лекарите честопати апелираат дека, како годините поминуваат, се потешко е девојките да станат мајки, бидејќи „стареењето“ со себе носи и ризици.

-РИЗИЧЕН СЕКС

Многу навидум безначајни уринарнии инфекции, можат да предизвикаат воспаление на женските гениталии. Но, ако не  сте упорни и не ги лекувате, нивниот конечен исход е неплодност. Причините за овие инфекции се различни бактерии, вируси,  габи.

– ЦИГАРИ

Штетните ефекти од цигарите се широко познати. Како и на сите други органи,  цигарите имаат негативен ефект врз јајниците. За да се илустрира: секој пат, кога ќе повлечете од цигарата, вашaта јајце клетка почнува да умира малку побрзо. Жените – пушачи имаат многу повеќе проблеми да останат бремени. Ако тоа се случи, статистиките, пак, покажуваат дека е поголем бројот на абортуси. Значи, ако сакате да забремените, морате да ја оставите оваа опасна навика,бидејќи на телото му е потребна дури една година да се прочисти од никотинот, кој ќе му нанесе голема штета на плодот.

– ПРОБЛЕМИ СО ТЕЖИНАТА

Количината на масното ткиво кај жените е многу важно, бидејќи тоа е местото каде што јајниците произведуваат хормони, кои можат да влијаат на овулацијата.

– ЛОШАТА ИСХРАНА

Една студија спроведена на Универзитетот Харвард открила дека жените, кои се придржуваат до четирите правила кои се однесуваат на исхраната имаат подобра плодност, во однос на лицата со нездрави навики во исхраната.

 

Сподели