Маточината го смирува организмот

Маточината е билка која расте во градините, каде се одгледува како култура, но може да се најде и како самоникната, не далеку од населените места, покрај огради.Чајот од матичњак го подобрува апетитот, посебно кај децата и позитивно влијае врз психата.

Често се користи за закрепнување после стресни ситуации, при депресија, а помага и при нередовни менструации, кои се последица на стресот. Чајот исто така помага при справување со главоболка, која е предизвикана од нервоза или повраќање на нервна база. Чајот од матичњак помага при речиси сите болести, го регулира варењето на храната, го зајакнува и закрепнува срцето, делува антибактериски и помага при залечување рани.

Сепак, најчесто се користи кај психолошките заболувања, за подобрување на помнењето, а со својата арома предизвикува убави мисли, кои го потиснуваат чувството на депресија и анксиозност.

Матичњакот има многу пријатен мирис и вкус, па затоа често се користи како додаток на многу јадења за подобрување на нивниот вкус, но и за подобро варење на храната. Бидејќи ја намалува подуеноста и грчевите во цревата, често се додава во разни сосови.

Матичњакот, како зачин, може да се користи свеж или сушен. Бидејќи по својот вкус и мирис потсетува на лимон, тој може да се става во сите јадења наместо лимон. Тој е одличен додаток на супите, маринатите, сосовите. Често се додава на јадењата од зеленчук, на јадењата од печурки, како и на некои видови на риба.

Scroll To Top