Чај за хороскопски знак – ЈАРЕЦ!

Добро ни е познато благотворното дејство на чаевите. Шолја чај секогаш е добредојдена. Доколку се сложува со вашиот jarecхороскопски знак тогаш неговото дејство е посебно. Денеска ќе пишуваме за јарецот и чаевите кои одговараат за него.

Вам баш многу не ви е важно јадењето. Работата ви е поважна, па често сте во грч, загрижени, што негативно делува на вашето варење. Еве чај кој ќе ви помогне: 10 грама липа, 10 грама матичињак, 10 грама лист од портокал. Во 1/4 литар врела вода ставете лажица од оваа мешавина. Оставете чајот да отстои и пијте го меѓу оброци.

 

Advertisement