Проливот е симптом на разни болести, од полесни до посериозни. Можеби е во прашање „расипан желудник” од стара храна или непрочистена вода, инфекција, зараза од грип или пак непотхранетост.

Болестите на цревата и на системот за варење често резултираат со пролив, а понекогаш е во прашање и инфекција од паразит. Со проливот се јавуваат состојби како што се дехидрација, губење на апетитот, мачнина, болка во желудникот или грчеви и температура.

Чај од капини

Со проливот ќе изгубите многу вода која е потребно да ја надокнадите. Денес ќе ви презентираме еден рецепт за пролив.

РЕЦЕПТ

Земете 6 лажици иситнет лист од  капина и прелијте со 1 литар врела вода, оставето поклопено да отстои едно 2 часа, процедете и пијте три пати на ден по 1 шолја чај. Кога ги имате овие проблеми можете да земете и по една лажица џем од капини.

loading...
Сподели